Slide 1 Slide 2 Slide 3
Example Frame

Како се воспоставува Натура 2000?

Мрежата Натура 2000 е составена од:

  • Посебни подрачја на заштита Special Areas of Conservation (SAC) кои Земјите членки ги назначуваат според Директивата за хабитати, и
  • Подрачја на посебна заштита Special Protection Areas (SPAs) кои се назначуваат според Директивата за птици.

 

Процесот за назначување на овие два типа Натура 2000 подрачја не е ист, туку зависи од тоа дали се назначуваат според Директивата за хабитати или според Директивата за птици.

 

Назначување на подрачја според Директивата за хабитати

Земјата членка или земјата која е во процесот на пристапување кон Европската Унија ги идентификува подрачјата кои според еколошките и научни критериуми се значајни за заштитата на видовите и живеалиштата кои се наведени во анексите на Директивата за хабитати.

Откако земјата ќе ја изготви својата Натура 2000 листа, составена од предложени подрачја од значење за заедницата (pSCIs), листите се испраќаат до Европската Комисија.
Комисијата ги испитува информациите кои се обезбедени за целиот био-географски регион, и во соработка со Земјите членки, организациите кои се засегнати со оваа тема, независни научници и граѓански организации ги избира подрачјата од значење за заедницата (SCI).
Доколку листата е оценета како недоволна, од Земјите членки се бара да предложат повеќе подрачја со цел да се комплетира мрежата.
Оваа фаза се прави на т.н. био-географски семинари.
Последната фаза од назначувањето на подрачјата според Директивата за хабитати се состои во тоа Земјите членки и формално да ги заштитат подрачјата од значење за заедницата назначувајќи ги како Посебни подрачја на заштита (SAC) и воведувајќи мерки за да ги одржат или реставрираат во добра состојба на зачуваност, т.е. поволен статус на заштита.

 

Назначување на подрачја според Директивата за птици
За видовите според Директивата за птици, Земјите членки самите ги избираат најсоодветните подрачја и ги назначуваат директно како подрачја на посебна заштита (SPAs).
Овие подрачја автоматски стануваат дел од мрежата Натура 2000.

Подолу сликовито е прикажан процесот на настанување на мрежата Натура 2000.

Подрачјата на посебна заштита (SPA) заедно со Посебните подрачја на заштита (SAC) ја прават еколошката мрежа Натура 2000 која ги опфаќа сите 27 земји од Европската Унија. Критериумите за избирање на подрачја кои се соодветни за назначување како Подрачја на посебна заштита (SPA) и Посебни подрачја на заштита (SAC) се наведени во анекс 3 од Директивата за хабитати.