Slide 1 Slide 2 Slide 3
Example Frame

Легислатива во врска со Натура 2000 на ниво на Европска Унија

Зошто легислатива за заштита на природата?

Придобивките за животната средина кои ги носи воведувањето на законодавство за заштита на природата се многубројни и ги вклучуваат подолу наведените придобивки, но не се ограничени само на нив:

  • Зголемено покритие на заштитените подрачја
  • Зголемување на нивото на заштита
  • Подобрена поврзаност помеѓу заштитените подрачја
  • Намалени ризици и закани за видовите и живеалиштата, како што се уништувањето на водните живеалишта, интензивното земјоделие и слични активности
  • Еко-системски услуги
  • Добивање на повеќе податоци за животната средина кои се и со поголем квалитет

Главни законски акти кои ја уредуваат мрежата Натура 2000

Главните законски акти кои ја уредуваат еколошката мрежа Натура 2000 се следните две Директиви на Европската Унија:

  • Директива на Советот на Европската Унија 92/43/EEC за заштитата на природните хабитати (живеалишта) и на дивата фауна и флора, накратко Директивата за хабитати (живеалишта), и

  • Директива 2009/147/EC (претходно 79/409/EC) на Европскиот Парламент и Советот на Европската Унија за заштитата на дивите птици, накратко наречена Директива за птици.

Овие две директиви ја уредуваат заштитата на видовите и типовите на живеалишта кои се смета дека имаат статус кој е помалку од поволен.

Сите Земји членки мораат да го обезбедат воведувањето на мерки за заштита за видовите и типовите на живеалишта кои се наведени во директивите а кои можат да се најдат на нивната територија. Овие мерки за заштита треба да резултираат во зачувување или реставрирање на поволниот статус на заштита на видовите и хабитатите кои се предмет на заштитата.

Обете директиви имаат по неколку анекси во кои се наведени видовите и типовите на хабитати за кои директивите се однесуваат. Исто така, во овие анекси се наведени и недозволените методи за заробување и убивање на видовите.