Slide 1 Slide 2 Slide 3
Example Frame

Коалиција „Натура 2000“

За Коалицијата „Натура 2000“

Коалицијата „Натура 2000“ е формирана  во Скопје на 29 мај 2011 година и функционира како платформа составена од граѓански организации, други релевантни институции и индивидуални стручни лица.
Наменета е за соработка и размена на информации, мислења, предлози и ставови, и е предвидено да биде место за развој на соработка во различни активности во согласност со мисијата на коалицијата.

Коалицијата „Натура 2000“ има отворен карактер и кон неа може да се приклучи секое здружение кое ги поддржува мисијата на коалицијата и нејзината работа.

Мисија на коалицијата „Натура 2000“

„Коалицијата “Натура 2000” обединува организации и поединци кои делуваат на полето на заштита на животната средина и биолошката разновидност со цел да се обезбеди воспоставување на еколошката мрежа Натура 2000 во Република Македонија.
Коалицијата се залага за спроведување на правната регулатива и добрите практики за заштита на животната средина и биолошката разновидност при сите инфраструктурни или други загрозувачки активности во Република Македонија.
Со тоа коалицијата ќе придонесе кон воспоставување и заштита на Натура 2000 подрачја.“

Листа на членки на Коалиција „Натура 2000

Коалицијата има усвоено и правилник со кој се регулира нејзиното функционирање, меѓу другото и телата кои се во нејзиниот состав, а тоа се секретаријат и работни групи.

Работните групи се од времен карактер и се формираат по потреба и за одредена цел.